Рускиот претседател Владимир Путин при посетата на Кемерово изјави дека криминалната негрижа е една од причините за пожарот во трговскиот центар „Зимњаја вишња“ (Зимска вишна), при што загинаа над 60 луѓе.
– Што се случи овде, а не беше борбена ситуација или неочекувана експлозија на метан во рудник. Луѓето, децата дошле да се одморат. Зборуваме за демографија и тогаш изгубивме толку луѓе, поради што? Поради криминална негрижа – посочи Путин, при тоа изразувајќи им сочувство на семејствата на жртвите.
Претседавачот на Истражниот комитет Александар Бастрикин на состанокот со кој претседаваше Путин изјави дека не работел противпожарниот апарат во трговскиот центар.
– Противпожарниот апарат не работеше од 19 март и никој не се погрижи за тој проблем. Еден од чуварите во трговскиот центар заборавил на време да го вклучи системот за гласовно предупредување. Не можеме да пронајдеме разумни објаснување, најверојатно воопшто не бил обучен, посочи Бастрикин.
Тој додаде и дека ДНК анализата на 37 жртвите во пожарот би можела да потрае и до две недели.
Пожарот во трговскиот центар во Кемерово што изби на четвртиот кат зафати околу 1.600 метри квадратни, при што загинаа 64 лица, од кои поголемиот број деца.