Подготвени сме да обезбедиме неопходна помош за справување со последиците од таа катастрофа, пишува рускиот претседател Владимир Путин во писмото со сочувство за катастрофалните пожари во Грција, испратено до неговиот грчки колега Прокопис Павлопулос и до премиерот на Грција, Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.
– Во Русија, искрено го делиме жалоста на братскиот народ од Грција. Ве молам да ги пренесете зборовите на поддршка до роднините и блиските на жртвите, како и желби за брзо закрепнување на сите повредени. Подготвени сме да обезбедиме неопходната помош за справување со последиците од оваа катастрофа, пишува во писмото од претседателот на Русија.