Светот се соочува со зголемени предизвици, им порача Владимир Путин, претседателот на Русија на учесниците на меѓународниот форум именуван по поранешниот министер за надворешни работи на Русија, Евгениј Примаков.
– Бројот на нови предизвици несомнено расте и многу од овие предизвици претставуваат вистинска закана за глобалната стабилност, безбедност и просперитет на луѓето ширум светот – рече Путин во пораката прочитана од официјалниот претставник на Кремљ, Јуриј Ушаков, пренесуваат руските агенции.
Путин посочи дека меѓу најопасните предизвици се контролата на оружјето, активностите на терористичките групи, високата стапка на компјутерски криминал, ескалацијата на регионалните конфликти и пандемијата на коронавирус.
Путин го пофали експертскиот форум Примаков, оценувајќи дека овој собир се заснова на најдобрата традиција на истражување и размена на критички ставови и дека заради тоа се здоби со значителна меѓународна репутација.