Хистеријата поради новиот коронавирус во Русија е резултат на провокативни лажни вести од странство, рече претседателот Владимир Путин, во истиот ден кога рускиот нафтен гигант „Гаспром“ објави дека ги суспендира сите патувања на својот персонал во странство.
Вирусот е под контрола и не се случи ништо критично во Русија, рече Путин во коментарите што ги пренесе државната новинска агенција ТАСС.
– Медиумските извештаи за закана од коронавирус во Русија имаат за цел да сеат паника кај населението. Овие провокативни лажни вести најмногу се поттикнуваат од странство – рече Путин.
Во земјата се пријавени неколку случаи на коронавирус, вклучувајќи го и првиот случај во московскиот регион, а властите презедоа големи мерки на претпазливост, како што е строго ограничување на влезот за кинески државјани.
Рускиот гигант „Гаспром“ го суспендира патувањето во странство за својот персонал поради коронавирусот, соопшти портпаролот на компанијата.
Тој додаде дека вработените треба да минат медицински тестови по приватните патувања во странство.