Рускиот претседател Владимир Путин најави дека Русија ќе продолжи да ја засилува својата армија, за да може да го одбрани својот суверенитет и да ги поддржува сојузничките држави.
– Наша должност кон државата и татковината е да бидеме подготвени да го браниме нејзиниот суверенитет, безбедност и државните интереси, а ако биде потребно и да ги поддржиме и нашите сојузници. Поради тоа ќе продолжиме да ги јакнеме нашите вооружени сили, да ги опремуваме со најмодерното оружје и ќе продолжиме со меѓународната соработка – изјави Путин на воениот полигон Чугол на истокот на Русија, каде се одржуваат воените вежби „Восток 2018“.
Над 300.000 руски војници со 1.000 авиони и 36.000 тенкови и други оклопни возила учествуваат на воените вежби „Восток 2018“. Ова се најголемите маневри во историјата на модерна Русија.