По наредба на рускиот претседател Владимир Путин, вчера се одржаа вежби на руските стратешки нуклеарни сили, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
– Вежбата на стратешките нуклеарни сили е одржана на 11 октомври 2018 година по наредба на претседателот на Русија и врховен командант Владимир Путин, се наведува во соопштението.
Министерството за одбрана додава дека руските подморници и авионите на руското Воено воздухопловство вежбале лансирање ракети над Баренцовото и Охотското Море.
Во соопштението се наведува дека рускиот систем за рано предупредување од балистичките ракети ги открил сите вчерашни лансирања и успешно ги проследил податоците до командните центри.