Рускиот претседател Владимир Путин вечерва разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон за кризата во Украина.
Тие зборувале по телефон, а според Кремљ, акцентот бил ставен на ситуацијата во Украина по изборот на Зеленски за претседател, објави ТАСС.
– Разговараа за ситуацијата во Украина, со оглед на неуспешната политика на администрацијата на Петро Порошенко и промената на државното раководство во Украина – стои во соопштението.
Путин за време на разговорот кажал дека приоритет е спроведувањето на законот за специјален статус за одредени региони на Доњецк и Луганск.
Путин, Меркел и Макрон, исто така, разговарале за Иран и се согласиле дека треба да останат посветени на трговско-економската соработка со таа земја.
Тие биле согласни и дека треба да се сочува нуклеарниот договор, оценувајќи дека тоа е клучен фактор во зачувувањето на меѓународната стабилност и безбедност.