Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска телефонски разговараше со францускиот колега Емануел Макрон за заедничка хуманитарна акција во Сирија, посебно во покраина Источна Гута, соопшти Кремљ.
Франција вчера испрати 50 тони медицинска помош во Источна Гута, која е под контрола на сириската Влада, откако Русија се согласи да ја олесни доставата.
Доставата на хуманитарната помош е во согласност со заедничкиот проект за укажување на хуманитарна помош за сириското население, усвоен на 24 мај во Санкт Петербург од Путин и Макрон.