Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави денеска дека Исламска држава е поразена во Сирија, но и понатаму поседува деструктивен потенцијал и може да ги напаѓа земјите во светот.
– Јасно е дека и покрај воената ситуација таа терористичка група задржа значителен декструктивен потенцијал и способност брзо да ја менува тактиката и ги напаѓа земји и региони во светот – изјави Путин, пренесоа руски медиуми.