Американското повлекување од договорот за нуклеарно разоружување ќе доведе до трка во вооружувањето и до исклучително опасна ситуација. Европските земји што ќе дозволат на своја територија распоредување американски ракети, мора да сфатат дека постои можна закана за одговор и руските ракети ќе бидат вперени кон нив, порача рускиот претседател 468.
– Ако таквите договори се поништуваат, тогаш не останува ништо во однос на ограничувањето на вооружувањето. Ситуацијата ќе биде многу опасна. Нема да остане ништо освен трка во вооружувањето – истакна Путин.
Тој изрази надеж дека за ова прашање ќе разговара со американскиот колега Доналд Трамп на 11 ноември во Париз, на одбележувањето од стогодишнината од крајот на Првата светска војна. Трамп изминатиот викенд порача дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор, кој пред 30 години го потпишаа Вашингтон и Москва. Русија, според шефот на Белата куќа, досега повеќепати го прекрши овој договор.
Спогодбата за нуклеарните сили со среден дострел забранува цела класа оружје, и тоа крстосувачки ракети лансирани од копно, со дострел од 500 до 5.000 километри. Договорот во 1987 година го потпишаа американскиот претседател Доналд Реган и тогашниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов.