Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите и во новиот кабинет ги задржаа шефот на диппломатијата Сергеј Лавров, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, како и министрите за внатрешни работи Владимир Колоколчев и министерот за енергија Александар Новак.
Прв потпретседател на Владата ќе биде Андреј Белоусов, премиерот Мишустин ќе има уште осум заменици, а Дмитриј Григоренко ќе биде шеф на кабинетот.
Путин им посака на премиерот Михаил Мишустин и на министрите успех во работата, велејќи дека новата влада е избалансирана и покрај големите промени, објави Спутник.Рускиот претседател изрази уверување дека новата влада ќе има добри резултати и нагласи дека покачувањето на стандардот на граѓаните и зајакнувањето на државноста е цел која може да се постигне.
На 15 јануари Путин најави измени на Уставот во рускиот парламент, а тогашниот премиер Дмитриј Медведев си даде оставка. Шефот на Кремљ тогаш го назначи Михаил Мишустин за нов премиер.