Рускиот претседател Владимир Путин вчера го потпиша законот за итно издавање руски патни исправи на Украинците кои живеат во бунтовничките покраини на истокот од Украина, објави Кремељ.
Одлуката предизвика критики од страна на Европската Унија и од Киев. Кремљ објави долга листа на жители кои се погодни за стекнување со руски пасоши по итна постапка за три месеци, вклучително и оние кои живеат во одредени подрачја во украинските региони Донецк и Луганск.
Законот ќе стапи на сила од моментот на потпишувањето. Бунтовниците се побунија против властите во Украина, во источните региони Доњецк и Луганск во 2014 година, кусо откако беше тргнат од власта прорускиот претседател за време на бунтот во Киев.
Москва, која истата година го анектираше украинскиот полуостров Крим.
Минатата недела Путин рече дека нема ништо спорно во поедноставувањето на правилата за издавање на руски патни исправи за Украинците од бунтовничките региони.