Пукање се слушнало од полската страна на границата со Белорусија, на локацијата каде има околу 1.000 бегалци, изјави портпаролот на белоруската гранична служба.
„Прес-службата на граничната служба ја информира јавноста дека се слушнале истрели од полската страна на границата“, изјави портпаролот за ТАС С.
Во моментов во близина на белоруската граница со Полска има околу 3.000 до 4.000 мигранти, а илјадници од нив се подготвени да ги следат, изјави денеска портпаролот на полската влада Пјотр Милер.
„Во Белорусија има повеќе од 10.000 луѓе кои се подготвени да ја преминат полската граница“, рече Милер.
Полска ги засили безбедносните мерки на границата со Белорусија, на источната граница на Европската Унија, по извештаите дека наводно голема група мигранти во Белорусија се собрала на преминот меѓу Белорусија и Полска, соопштија претходно денеска официјални лица.
Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак на Твитер изјави дека повеќе од 12.000 војници се распоредени на границата, 2.000 повеќе од 10.000 војници кои неодамна биле таму, пренесе АП.
Тој додаде дека во подготвеност е ставена доброволна единица за територијална одбрана.
Полската влада закажа итен состанок, а премиерот Матеуш Моравјецки на Фејсбук напиша: „Границата на полската држава не е само линија на картата. Оваа граница е нешто свето за кое е пролеана крвта на генерација Полјаци.