Вооружен инцидент се случи во ноќен клуб во американската сојузна држава Калифорнија, при што има ранети, а неофицијално и загинати лица.
Според изјави на очевидци, напаѓачот кој бил облечен во црно и имал брада, влегол во клубот, фрлил чадна бомба и почнал да пука на сите страни.
– Бев покрај влезот. Забележав чад. најпрво помислив дека е шега. Потоа слушнав истрел. Легнав. Се пукаше, го кренав погледот и го забележав. Ми се чини дека беше млад. Ја застрела благајничката, тргна во лево. Само пукаше наоколу – во солзи говори еден од сведоците.
Напаѓачот наводно е уапсен, но информацијата не е потврдена.
Подрачјето е блокирано, а медиумите јавуваат дека во инцидентот бил ранет и полицаец.
Властите апелираат до граѓаните да го избегнуваат ова подрачје.
Клубот во кој се случи инцидентот се наоѓа на 40 километри западно од Лос Анџелес.