Четири лица се повредени во пукање што се случи на паркинг во областа Вединг, во Берлин.
Како што беше објавено, полицијата е на терен, како и пожарникарите, а причините за пукањето засега не се познати.
Неофицијално пукањето се случило на паркинг од една продавница.
Претставници на противпожарната служба, велат дека во инцидентот се повредени тројца мажи и една жена, и на сите четворица им е укажана лекарска помош на лице место пред да бидат префрлени во болница.
Сторителот е во бегство, се додава во извештајот.
Во него уште се наведува дека едно лице е прободено со нож, друго добило рана од куршум, а третото повреда на главата во тепачка на паркингот.
Останува непознат степенот на повредата кај четвртото лице, пишуваат медиумите.