Во случајот на птичјиот грип, кој беше пронајден на фарма за патки на југозападот на Франција, сè уште не е јасно дали станува збор за исклучително заразна форма на вирус, објави денеска француското тело што ја претставува индустријата за црн дроб и гоење на живина ЦИФОГ.
Доколку се потврди, тоа ќе биде прво избувнување на таканаречениот високо патоген птичји грип на фарма оваа година, објави „Ројтерс“.
Болеста брзо се шири во Европа, поради што индустријата за живина е во состојба на готовност откако претходните жаришта доведоа до убивање на десетици милиони птици.
Директорката на ЦИФОГ, Мари-Пјер Пе, рече дека последниот случај е откриен на фарма со околу 6.000 патки што присилно се хранат за да се добие црн дроб во Бенес-Марем, недалеку од градот Бијариц, и на границата со Шпанија.
– Првичните тестови покажаа дека станува збор за епидемија на птичји грип Х5, но останува да се види дали е високо или ниско патоген и дали станува збор за сојот Х5Н8 или за некој друг – рече Пе.