Во Москва се одржува протест во знак на поддршка на демонстрантите кои беа уапсени за време на недозволените протести од 27 јули до 3 август, јави ТАСС.
На собирот, кој е одобрен од московскиот градоначалник, присуствуваат членови на политички партии и движења, меѓу кои и претставници на опозициското движење Лев фронт, Револуционерната работничка партија, Либертаријанската партија, Солидарност, како и поранешните кандидати за пратеници во московскиот Парламент, Јулија Галијамина и опозицискиот политичар Алексеј Навални.
Полицијата не го попречува собирот.