Најмалку 16 лица беа уапсени вчера во Њујорк поради блокирање на сообраќајот за време на протестите против климатските промени, јавува МИА.
Протестите се одржаа пред Американскиот музеј за природна историја, при што средношколците се приклучија на илјадници средношколци кои протестираат ширум светот.
И средношколци во Сан Франциско протестираа заедно со нивните родители, барајќи посериозни мерки против климатските промени.
Група од околу 1.000 ученици извикуваа „Климатските промени не се лага, ние не сакаме нашата планета да умре”, а пред протестниот марш на улиците на тој град демонстрантите кратко се одржаа пред канцеларката на конгресменката Ненси Пелоси, барајќи нов договор за климатските промени.
Протести се одржаа пред Капитол Хил во Вашингтон, каде што носеа транспаренти – „Сакам да паничите”, „Времето поминува” и „Тоа е нашата иднина”.