Во југозападните делови на Иран две вечери по ред избиваат судири меѓу полицијата и демонстранти кои протестираат поради недостатокот на вода за пиење.
Како што јави иранската новинска агенција ИРНА, демонстрантите фрлаат со камења по полицијата и запалиле еден автомобил, но безбедносните сили ја држат состојбата во градот под контрола.
Протестите се најинтензивни во градот Абадан, а протести имало и во градот Kорамшахр. Овој дел на земјата е богат со нафта, и во него се наоѓаат некои од најголемите рафинерии за нафта во земјата, но во изминатите години е погоден од суша.