Околу 70.000 лица се собраа денеска на протести на Окинава поради плановите на Владата во Токио за преместување на американската воена база на јужниот, послабо населен дел, на овој јапонски остров.
Жителите на Окинава не се согласуваат со идејата за преселување на базата „Футема“, обвинувајќи ги централните јапонски власти дека не ги почитуваат желбите на жителите на островот.
Во базата на Окинава се сместени половина од 50.000 американски војници стационирани во Јапонија.