Повторното отворање на Европскиот парламент (ЕП) во Стразбур беше проследено со анти-европски протест од британската партија Брегзит и демострации од каталонските националисти чии пратеници имаат забрана за учество во ЕП, јавува Би-би-си
Ова е првата сесија на ЕП по Европските избори во мај, по три дена преговори на лидерите на ЕУ за тоа кој да ги преземе првите и главни позиции во блокот. Според пишувањата на Би-би-си, денес било планирано германската министерска за правда Урсула вон дер Лејен да добие номинација за претседател на Европската комисија (ЕК), откако за претходниот план не се изнајде заеднички јазик.
Покрај вон дер Лејен, белгискиот премиер Чарлс Мишел е еден од главните кандидати за претседател на Европскиот совет (ЕС), според пишувањата на германските медиуми. Кристин Лаграде е можен следен претседател на Европската централна банка, која во моментов е главен претставник на Франција Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а беше и министерка за економија во времето на владеењето на Николас Саркози.
Стотина Каталоници демонстрираа пред парламентот поради тоа што три сепаратисти не добија можност да ги заземат своите пратенички места во ЕП. Поранешниот претседател на Каталонија Чарлс Пуџдемон и неговиот колега Тони Комин добија забрана да седнат на пратеничките места поради спроведување на референдумот за независност на Каталонија, како и нивниот колега Ориол Хункерас, на кого во моментов му се суди во Мадрид.
Лидерите на ЕУ, кои и понатаму се поделени околу тоа кој треба да ги добие највисоките функции во Унијата, со што продолжуваат тензичните преговори за наследникот на шефот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер.