Во 70 градови во САД се одржаа протести поради нападот на американските сили во Ирак, во кој загина иранскиот генерал Касим Сулејмани и се заостри кризата помеѓу САД и Иран.

Демонстрациите ги предводи Коалицијата „Одговор“, антивоена организација основана по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.

Во Вашингтон, демонстрантите ја повикаа владата да го напушти Блискиот исток, јавува Си-Ен-Ен.

Овие протести беа планирани и пред убиството на Сулејмани, кој загина во напад нарачан од американскиот претседател Доналд Трамп.

Демонстрантите извикуваа „Стоп за бомбардирање на Ирак“.

Меѓу говорниците беше и легендарната холивудска актерка Џејн Фонда, која со недели ги предводи протестите против климатските промени во Вашингтон.