Десетици илјади луѓе демонстрираа во Памплона, северно од Шпанија, за ослободување група муслимани кои беа обвинети за силување.
Според проценките на локалната полиција, околу 35.000 луѓе се собраа на протестот вчера. Протести се одржуваа и претходните два дена.
Петмина жители на Севилја, на возраст од 27 до 29 години, кои себе си се нарекуваат „глутница“, осудени се на девет години затвор поради „сексуално злоставување“ на 18-годишна девојка од Мадрид, за време на прослава во Памплона во летото 2016 година, со отежнувачка околност „злоставување на послаби“.
Но, судиите не ги осудија за силување, за што во шпанскиот закон постојат предуслови „заплашување“ и „насилство“.
Покрај протестите, повеќе од 1,2 милиони луѓе за два дена потпишаа петиција со која се бара од Врховниот суд на Шпанија да ги дисквалификува судиите кои ослободија пет лица од обвинувањето за „силување“ и ги осудија на затворска казна поради „сексуално злоставување“ на една девојка.
Петицијата почнува со зборовите: „Бидејќи судот задолжен за изрекување на пресудата во процесот „Глутница“ заклучи дека не постоело ниту насилство ниту заплашување, јас барам дисквалификација на судиите, членови на советот“.
Петицијата е покрената од 28-годишна Шпанка, која во текстот изразува жалење што „постојат судии кои сметаат дека за да постои сексуален напад не е доволно пет мажи да нападнат ранлива и пијана девојка, а потоа да ја остават и да и го украдат телефонот“.
Претседателот на Судскиот совет Карлос Лесмес изјави дека судот „детално ги проценил сите елементи од приложените докази“.
Конзервативната шпанска Влада соопшти дека ќе ја разгледа можноста за реформи на кривичниот законик.