Неколку стотици лица се собраа синоќа на протест пред седиштето на украинското Министерство за внатрешни работи, со барање да се пронајдат и казнат одговорните за смртта на активистката Катерина Хандзјук.
Триесет и тригодишната Хандзјук почина вчера в болница, каде беше на лекување по нападот со киселина што беше извршен врз неа на 31 јули, при што се здоби со изгореници на 40 отсто од телото.
Причините за смртта на Хандзјук засега не се официјално соопштени, но некои украински медиуми тврдат дека активистката починала како последица на крварење.
Хандзјук, која беше жесток противник на проруските сепаратисти, во септември од болницата објави видео порака со која ги повика Украинците на борба против корупцијата.
За нападот врз Хандзјук досега се приведен пет лица.