Насилствo и пожари се забележани на вчерашните протести во Барселона, на кои излегоа илјадници луѓе, четврти ден едноподруго откако каталонските сепаратисти беа осудени на затвор.
Мирните протести излегоа од контрола кога радикални сепаратисти почнале да палат автомобили и столчиња во кафулињата во монденската улица Рамбла де Каталунија во срцето на градот.
Полицијата се обидела да ги одвои демонстрантите од стотината приврзаници на крајната десница Шпанско единство, што ескалирало со насилство.
Демонстранти од повеќе градови во Каталонија тргнаа во средата на протестен марш со намера до денеска да стигнат во Барселона, а синдикатите повикаа да се одржи генерален штрајк.
Протестите почнаа во понеделникот кога Врховниот суд во Мадрид осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти на казни од девет до 13 години затвор, поради нивната улога во неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во 2017 година.