Шест тела се пронајдени во остатоците од хеликоптерот што се урна на хавајскиот остров Кауаи. По седмиот патник сè уште се трага, но според официјални претставници, мала е веројатнота дека има преживеани во несреќата.
Телата на загинатите во хеликоптерската несреќа не се идентификувани. Во хеликоптерот кој во четвртокот тргнал во обиколка, имало пилот и шестмина патници кои биле членови на две семејства.