Во тек е извлекување на делови од индонезискиот авион кој се урна во саботата, кратко по полетувањето од главниот град Џакарта. Поморскиот тим ја извлече турбината на авион, изјави висок офицер.
„Турбината е пронајдена од поморскиот брод „Ригел“ опремен со тродимензионален сонар“, изјави високиот офицер, Ори Ронсмбре.
Претходно, беа пронајдени делови од леталото и човечки тела за кои се претпоставува дека се наоѓале во авионот „Боинг 737-500 Сривијаја ер“, кој исчезна од радарот во саботата, само четири минути по полетувањето од меѓународното пристаниште Соекарно-Хата.
Нуркачите тргнаа во потрага по црните кутии на авионот со 62 патници и еден член на екипажот, што се урна во морето Јава, соопшти морнарицата на Индонезија.
Војската вчера објави дека се лоцирани црни кутии кои се состојат од снимачи на податоци за летови и снимачи на звук во кокпит.
Засега не е позната причината за падот, но податоците на шведската веб-страница „Флајтрадар24“ покажуваат дека авионот одеднаш забавил и започнал да паѓа кратко по полетувањето.