Во Руанда е пронајдена масовна гробница во една брана, каде, како што претпоставуваат властите, најверојатно има околу 30.000 тела на жртви на геноцид.
Пред 25 години во геноцид се убиени 800.000 Тутси и умерени Хути.
Досега се ексхумирани посмртните останки на 50 лица, а моментално продолжувањето на ексхумацијата е отежнато поради забраната за движење воведена поради епидемијата на коронавирус во Руанда.
Веста за браната и телата во неа се појавила кога многумина осудени за геноцид излегле од затвор откако ја одслужиле казната и понудиле нови информации за масовни гробници.
„Проблемот со кој се соочуваме е што браната има вода, но ќе се обидеме да ја исушиме“ рекол извршниот секретар на здружението на преживеани на геноцидот, Нафтал Ахишаки.
Браната се наоѓа источно од престолнината Кигали, а ископана е за наводнување на полињата со ориз, со години пред геноцидот.