По неколкуте протести на „жолтите елеци“ кои изминатите два дена протестираат заради зголемувањето на цените на горивата, денеска повторно го блокираа сообраќајот во Франција, а утрово се блокирани складиштата со гориво.
Блокадите продолжија и во текот на ноќта и тоа на наплатните куќарки на автопатиштата, трет ден по ред, а за првпат се блокирани и складиштата со нафта.
Припадниците на цивилното општество се мобилизирале против зголемувањето на цената на горивото што потоа прерасна во глобална осуда на политиката на владата во делот на оданочувањето и намалувањето на куповната моќ.