Соединетите Американски Држави синоќа прогласија вонредна состојба поради новиот коронавирус, кој се прошири од Кина во 23 земји.
Објавувајќи ја одлуката, секретарот за здравство, Алекс Азар, изјави дека претседателот Доналд Трамп привремено ќе забрани влез во САД за странци за кои се верува дека би можеле да претставуваат ризик за ширење на вирусот, објави АП.
Според него, тие ограничувања ќе стапат на сила денес.
– Ризикот од инфицирање со вирусот во Соединетите држави засега е мал, и овие превентивни мерки се наменети тоа да остане така – рече Азар.
Тој додаде дека сите државјани на САД кои се враќаат од провинцијата Хубеи во Кина, каде се појави вирусот, ќе мора да останат во карантин под надзор на државата 14 дена.