Британски банкар и близок пријател на принцот Ендрју е посочен како еден од централните ликови во наводниот глобален заговор за уништување на Катар, пишува британски „Дејли мејл“.
Според пишувањата на весникот, судија изјавил дека Дејвид Роуланд, кој е донатор на ториевците, нема доброволно да дозволи пристап до својата електронска пошта за која се тврди дека би можелада ја расветли наводната улога на неговата банка во заговорот на дел од најблиските меѓународни сојузници на Велика Британија да ја поткопаат заливската држава богата со нафта преку манипулирање со финансиските пазари.
Катар го обвини Роуланд , кој е сопственик на приватна банка со седиште во Луксембург, дека се обидел да ја прикрие својата наводна улога во заговорот, за кој се вели дека бил спроведен во соработка со тела во Саудиска Арабија и во ОАЕ.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет почнаа бојкот на Катар во јуни 2017 година, обвинувајќи го за поддршка на тероризмот, обвинението што официјална Доха остро го негираше.
Висок претставник на Катар подоцна откри дека земјите од Заливот и Египет планирале да ја нападнат Доха пред да ја наметнат нивната блокада. Во јануари годинава, тие се согласија да ги поправат односите и да ги вратат дипломатските мисии.