Џихадистите држат територија помала од еден квадратен километар, користејќи голем број цивили како „жив штит“, при борбите за последната енклава контролирана од Исламска држава (ИД) во источна Сирија, според либанската телевизија, Ал Мајадин.
Стотици џихадисти од кои многумина странци, им се предале на Сириските демократски сили (СДС) во изминатите два дена. СДС во која доминираат припадници на курдската коалиција, ги напаѓаат џихадистите во источна Сирија со помош на американски воени удари. Согласно постигнатиот договор, 440 припадници на ИД ќе се предадат во текот на денот на СДС, јави телевизијата Ал Мајадин.
Сирискиот центар за човекови права соопшти дека СДС ја зазеле последната елклава контролирана од ИД во источна Сирија. Според нив, џихадистите во реонот на селото Багуз, близу границата со Иран, се предале на Сириските демократски сили. Засега нема потврда од независен извор за таа информација.