Притворањето на Џулијан Асанж „претставува опасен преседан за новинарите“, соопштија пратениците на Парламентарното собрание на Советот на Европа кои гласаа против екстрадицијата во основачот на „Викиликс“ во Соединетите Американски Држави.
Поддршката за Асанж и критиките кон британската влада ќе бидат вклучени во конечнот извештај подготвен за Парламентарното собрание на Советот на Европа од страна на британскиот лабуристички пратеник, лорд Џорџ Фолкс, кој се занимава со прашањата за почитување на човековите права во Европа.
Асанж е во лондонскиот затвор Белмарш пред расправата за екстрадиција, која почнува во февруари. Тој е обвинет од страна на САД по 18 точки од кои 17 се базираат на Актот за шпионажа, поради намерата да дојде до нив и објави доверливите дипломатски и воени документи. Ако биде осуден за шпионажа во САД ќе се соочи со неколку децении затворска казна.
Асанж беше протеран од Амбасадата на Еквадор во Лондон на 11 април минатата година, во којшто се засолнил во 2012 година и веднаш беше уапсен од британската полиција.