Седум француски борбени морнарички авиони, кои биле на тренинг лет, биле принудени да слетаат во северна Индонезија поради лоши временски услови.
Командантот на локалната воздухопловна база, Хендро Ариеф, соопштил дека седумте борбени авиони безбедно се спуштиле во базата Султан Искандар во провинцијата Аќе, 90 минути по полетувањето од носачот на авиони Шарл де Гол во Индискиот Океан, објави агенцијата АП.
Авионите имале тренажен лет надвор од територијата на Индонезија, кога, поради лошите временски услови, при враќањето кон носачот на авиони, биле принудени да слетаат, додаде Ариеф.