Израел и Газа постигнаа согласност за прекин на ракетните напади во услови на напнатост, пренесуваат светските медиуми.
Палестински функционери велат дека е постигнат договор за прекин на огнот со Израел, со цел да се стави крај на низа насилни настани во Појасот Газа и јужен Израел кои довеле до смрт на најмалку 23 Палестинци и четворица Израелци. Израел и Палестина имаа ракетна размена викендов во која меѓусебно испалија стотици проектили.
Функционери на Газа потврдиле за „Ал Џезира“, дека бил постигнат договор во 3.30 часот по полноќ. Откако договорот стапил на сила не бил пријавен ниту еден изреалски воздушен напад на палестинската територија.
Функционерите изјавиле дека Египет и Катар помогнале, посредувајќи за да се стави крај на нападите помеѓу Газа и Израел.
Оваа вест сѐ уште не е потврдена од страна на Израел, но рано изутринава израелската армија ги повлекла сите заштитни ограничувања во близина на Газа.
Командата им дала инструкции на жителите на југот да се вратат на нивните секојдневни активности.