Маж детонираше бомба пред американската амбасада во главниот град на Кина, Пекинг, но засега не се познати неговите мотиви.
– Имаше експлозија околу 13 часот (по локално време) во јавниот простор од југоисточниот агол на комплексот на амбасадата, соопшти портпаролот на Амбасадата.
– Според регионалниот офицер за безбедност на амбасадата, имало еден поединец кој активирал бомба. Освен напаѓачот, никој друг не е повреден. Локалната полиција одговори на нападот, изјави портпаролот.
Полицијата во Пекинг потврди дека 26-годишен човек од Внатрешна Монголија, област во Кина, го поставил експлозивот. При експлозијата повредена е неговата рака и одведен е во болница.
Претходно, локалните медиуми информираа дека маж се обидел да фрли преку оградата своерачно изработена експлозивна направа, но таа предвреме експлодирала.
Известувачот на Би-Би-Си на Твитер напиша дека луѓето се враќаат во ред за да аплицираат за визи за САД, што укажува дека инцидентот не бил многу сериозен.