Инга Јумашева, пратеничка во руската Дума, е приведена на аеродромот во Њујорк, соопшти амбасадорот на Русија во САД. Таа била приведена од страна на службеници на ФБИ.
Руската амбасада упати протестна нота до Стејт департментот.
Агенцијата „РИА Новости“ пренесува дека Јумашева допатувала во САД за да учествува на форум „Дијалог Форт Рос“ кој се одржува денеска и дека службеник на ФБИ ја сослушувал еден час.
Од руската амбасада велат дека ѝ биле поставувани сосема нејасни, неразбирливи и неприфатливи прашања.
Претходно, дел од делегацијата на Русија која требаше да учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк не доби визи.