Претставничкиот дом на САД денеска треба да гласа по Законот за имиграција, со кој се има за цел да стави крај на практиката на американските власти да ги разделуваат семејствата, кои илегално влегле на територијата на САД.
Гласањето првично требаше да се одржи вчера, но беше одложено за денеска.
Републиканците во Претставничкиот дом беа поделени меѓу два подготвени од нив закони за имиграција. Поконзервативната од двете верзии беше вчера отфрлена по постигнатиот компромис меѓу конзервативците и умерените во редовите на Републиканската партија.