Претседателските избори во Алжир ќе се одржат на 4 јули, соопшти денеска претседателството на земјата.
Алжирскиот Парламент вчера го назначи Абделкадер Бенсалах за привремен претседател на земјата, а во своето прво телевизиско обраќање до нацијата тој вети дека ќе организира слободни избори.
Бенсалах истакна дека ќе се консултира со политичката класа и граѓанското општество „во потрага по нов Алжир”.
Откако Парламентот го избра Бенсалах за привремен шеф на држава, кој инаку е близок соработник на поранешниот претседател Абделазиз Бутефлика, граѓаните излегоа да протестираат поради таквата одлука, а полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги сопре протестите.