Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена, изјави дека наредил погубување на четири лица осудени за дрога, кои наскоро ќе бидат обесени во затвор.
Доколку лицата бидат егзекутирани
, ова ќе значи крај на 43-годишниот мораториум на смртната казна во Шри Ланка.Сирисена им кажа на новинарите дека потпишал налози за погубување со наведените датуми и ги испратил во затворската администрација.
Последната смртна казна во Шри Ланка е извршена во 1976 година. Во моментов има 1.299 осуденици во затвор, од кои 48 се осудени за злоупотреба на дрога.
Организациите за човекови права и странските влади ги критикуваа претходните предлози на Сиризена за враќање на смртната казна.