За време на обраќањето на претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагве на стадион во градот Булавајо, загинаа неколку луѓе откако беше активирана експлозивна направа. Претседателот Мнангагве не е повреден и е сместен во куќа во Булавајо.
Неговиот говор е дел од кампањата за претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат на 30 јули.
Портпаролот на претседателот на Зимбабве, Џорџ Чарамба изјави дека досега имало „повеќе обиди“ за атентат врз Мнангагве.
Мнангагва ја презеде власта во ноември минатата година откако претседатлот Роберт Мугабе, под притисок на армијата, се повлече од функцијата по 37 години на власт.