Според најновите наоди на американските државни инспекции, центрите за мигранти по должина на американско-мексиканската граница се екстремно пренатрупани, а во нив деца помали од 7 години се затворени подолго од две недели, односно многу подолго од дозволените 72 часа, пренесува Си-ен-ен.
Американската влада од почетокот на јуни спроведува ненајавени инспекции во Тексас, по должина на американско-мексиканската граница, каде што има најмногу апсења на мигранти.
Во извештајот со назив „Менаџмент алерт“ Одделот за национална безбедност треба да обрне внимание на пренатрупаноста и продолжениот притвор на деца и возрасни во долината Рио Гранде се прикажани фотографии кои покажуваат екстремна пренатрупаност во прифатилиштата.
Исто така, се тврди дека во текот на изминатите неколку месеци луѓето се држат во притвор се подолго, поради зголемување на приливот на семејства мигранти со деца.
Инспекторите утврдиле дека, според податоци од граничната контрола, околу 30% од малолетниците се во притвор повеќе од 72 часа, вклучувајќи и децата помлади од 7 години.
Инспекцијата забележала дека во центрите нема доволно топли оброци, дека мигрантите немаат соодветен пристап до тушеви и оти не им е обезбедена потребната облека.
Во еден објект, возрасни лица повеќе од една недела биле чувани во простории каде што само може да се стои, а во друг повеќе од еден месец во пренатрупани соби.