Премиерот на Малта Џозеф Мускат, наводно денеска ги известил своите соработници дека ќе поднесе оставка, пренесуваат светските медиуми.
Неговата одлука е резултат на политичката и правна криза предизвикана од пропаѓањето на истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, пренесува порталот „Тајмс оф Малта“.
Мускат денеска разговараше со претседателот на Малта, Џорџ Вело, за неговата намера да се повлече од функцијата премиер.
Мускат јавно ќе ја објави својата одлука, откако најбогатиот бизнисмен на Малта, Јорген Фенех, ќе биде обвинет во судот за убиство на новинарката.
Тој ќе започне процес на смена во рамките на Лабуристичката партија, а Малта се очекува да има нов премиер до јануари, велат два извори блиски до владата.