Не можам да се разболам. Не можам да се разболам, честопати ја повторува оваа реченица американскиот претседател Доналд Трамп секогаш кога ќе наиде на кашлица или на кивање, пренесува Си-ен-ен. Луѓето блиски до Трамп што ги чуле овие зборови од претседателот, наведуваат оти тој ги користи кога сака да се оправда и да излезе надвор од просторијата, поради страв од можна зараза.
Искусните членови на кабинетот на Трамп ги охрабруваат другите кои ги слушаат овие зборови да не ги сфаќаат лично. На некој начин, Трамп со години несвесно го подготвува својот персонал за да го спречи ширењето на коронавирус. Тој себеси се опишува како бактериофоб, кој знае да ги подзагледува неговите помошници и вработени кои киваат во негова близина или се обидуваат да се ракуваат со него откако ќе се накашлаат.
Пред да стане претседател, тој напиша дека практиката на ракување со рацете е „варварска“, иако тоа е една неизбежна практика која дури и тој самиот не може да ја прекине. Во ерата на коронавирусот, Белата куќа претставува своевиден „главен штаб“ за реакција во САД.
Во штабот спаѓаат и нејзината безбедносна „ситуациска соба“ која се користи за свикување состаноци на работните групи на претседателот, како и недоволно искористената „соба за брифинзи“ користена за дневно информирање од страна на службените лица.
Овој комплекс е исто така работно место на повеќе од илјада вработени кои работат за шеф кој има страв од болести. Најмалку еднаш неделно, голем дел од овие службени лица патуваат заедно со претседателот на политички или службени патувања.
Како и другите работни места низ целата земја, официјалните претставници на Белата куќа почнуваат да се подготвуваат за можноста за одбрана доколку наидат на коронавирусот.
– Кога некој кива, се обидувам и да излезам колку што е можно побрзо од просторијата кога тие киваат – кажа Трамп минатата недела за време на брифингот на коронавирусот, користејќи ја својата сопствена аверзија кон болестите како пример за Американците кои се обидуваат да избегнат да се разболат.
Оттогаш, се чини дека Трамп почна да зазема појасен однос кога дискутира за појавата на коронавирусот, од кој досега заболеа 118 лица во САД, вклучувајќи и девет смртни случаи. Во последниве денови, советниците блиски до претседателот го повикуваат да престане да го минимизира влијанието на епидемијата.
Тие го предупредуваат дека доколку продолжи да се однесува на ваков начин може да го намали неговиот рејтин, ако бројот на случаи продолжи да се зголемува. Џаред Кушнер, неговиот зет и советник е еден од службениците кои го охрабрија претседателот да го намали нивото на тревога за коронавирусот со цел да се воведе стабилизирање на пазарите.
Мерки за претпазливост на Западното крило
Во Западното крило од Белата куќа, политичките последици од појавата на коронавирусот станаа очигледни со падот на берзата и зголемувањето на бројот на смртни случаи во Америка. Но, дури и кога се соочуваат со националната криза, вработените преземаат свои мерки на претпазливост за да избегнат да се разболат.
Вработените неодамна добија совети за епидемијата на коронавирус кои се фокусираат на превенција и упатства доколку појават симптоми на коронавирус. Информациите дистрибуирани до персоналот вклучија една страна од Центрот за контрола и превенција на болести, кои ги потсетуваат луѓето да ги мијат рацете, да останат дома ако се болни и да ги информираат луѓето за симптомите на коронавирус.
Еден официјален претставник изјави дека вработените се појавиле насочени кон нивното здравје во текот на епидемијата, бришејќи ги работните места со анти-бактериски марамчиња и дека се повнимателни кога киваат, односно гледаат да го направат то во марамче.
Кампањата за избор на претседателот се одвива низ целата земја. Двајца соработници рекоа дека Трамп нема планови да откаже некој од своите митинзи заради коронавирусот. Трамп вчера отпатува во Шарлот, на митинг во сала со капацитет од 9.605 места.
– Ние мораме да работиме заедно за да го заштитиме нашиот народ. Ние ќе го заштитиме нашиот народ – рече тој пред публиката.