Јапонскиот цар Наручито за првпат од своето стапување на престолот, ја поздрави јавноста, изразувајќи надеж дека Јапонија ќе продолжи со мирот. Наручито стана нов цар на Јапонија во средата, еден ден откако неговиот 85-годишен татко, Акихито, абдицираше.
Од терасата, која гледа на царската градина, Наручито им се заблагодари на луѓето на честитките. Тој рекол дека длабоко е благодарен и задоволен поради приредената свеченост, носејќи официјално одело и стоејќи покрај својата сопруга, царицата Масако.
– Ви посакувам здравје и среќа и искрено се надевам дека нашата земја ќе продолжи со сочувување на светскиот мир, рака под рака со другите земји и дека и натаму ќе се развива – порачал царот.
Повеќе од 140 илјади луѓе дошле на прославата, соопшти агенцијата „Империјал Хаушхолд Ејџенси“. Наручито, на својата церемонија на крунисувањето, на 1 мај, вети дека ќе оди по стапките на својот татко, ќе тежнее за мир и ќе остане со својот народ.