Меланија Трамп, првата дама на САД ја почна кампањата „Биди најдобар“, која има за цел на децата да им се укаже на важноста на социјализацијата, емотивното и физичкото здравје.

Иницијативата е насочена кон промовирање на здравиот начин на живот, користењето на социјалните мрежи на позитивен начин и борбата против злоупотребата на опиоидите, изјави Меланија Трамп.

– Морален имепратив на нашата генерација е да преземе одговорност и да им помогне на децата- истакна сопругата на американскиот претседател.

Доналд Трамп ја поддржа кампањата на својата сопруга и нејзиниот говор го нарече „прекрасен и искрен“.