Предупредување за опасност од цунами е објавено за Нова Каледонија, Вануату и островите Фиџи по силниот земјотрес што го погоди регионот.
– Можна е појава на бранови од 30 сантиметри до еден метар во делови од брегот на Вануату и Фиџи – соопшти Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.
Новозеландскиот сеизмолог Џонатан Хансон изјави дека земјотресот е многу оддалечен од населените места и оти и покрај предупредувањето за појава на цунами, брановите ќе бидат мали.
Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска беше регистриран во близина на Нова Каледонија, во јужниот дел на Пацификот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 370 километри од главниот град на Нова Каледонија, Нумеа.