Бројот на мртвите во силниот земјотрес и цунамито во Индонезија денеска се искачи на 832, а преживеаните панично се обидуваат да дојдат до храна и вода.
Индонезискиот потпретседател Јусуф Кала рече дека можеби настрадале илјадници луѓе.
Националната агенција за управување со катастрофи рече дека не примиле информации од подрачјето на Донгал, кое се наоѓа блиску до епицентарот на потресот, каде што живеат околу 300.000 луѓе.
Многу луѓе останале заробени под урнатините на зградите откако потрес со јачина од 7,5 степени ја погоди земјата во петокот и предизвика цунами чии бранови биле високи шест метри.