Самитот на групата седум најразвиени земји (Г7) започнува денеска во округот Корнвол, на југозападот од Англија.
На самитот ќе присуствува и американскиот претседател Џозеф Бајден, кој е во посета на Велика Британија.
Самитот ги обединува лидерите на Германија, Франција, Италија, Велика Британија, Канада, Јапонија и САД во одморалиштето Карбис Беј, на југозападот од Англија.
Самитот на Г7 ќе трае до 13 јуни.