Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган ќе присуствуваат на почетокот на изградбата на првата турска нуклеарна централа во време на продлабочување на односите меѓу двете земји.
Путин, кому ова му е прва посета на странска земја по повторниот избор на претседателската функција, денеска пристига во Анкара на разговори со Ердоган. Двајцата од далечина ќе ја стартуваат изградбата на електраната на брегот на Средоземното Море.
Електраната ќе ја градат руски компании.